Нобеловецот Пол Кругман предупреди дека големи се шансите дека светската економија ќе биде зафатена од рецесија до крајот на годината.
Тој истакна дека е малку веројатно дека само „една голема работа” ќе го поттикне падот на глобалната економија, туку станува збор за низа фактори. Потикнувањето за намалување на корпоративниот данок од страна на американскиот претседател Доналд Трамп е едно од причините за загриженоста на Кругман, бидејќи, според него, таа програма „не е баш ефикасна”.
Кругман, исто така, предупреди дека веќе се наѕира дека „балонот се издишува” кога станува збор за растот на технолошкиот сектор.