Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, се сретна со амбасадорот на САД, Џес Бејли, по повод завршување на неговиот мандат.
„САД не се само стратешки партнер на Република Македонија, туку и најважен пријател со чие присуство и активно учество се остварени најважните успеси на земјава од нејзината независност“, истакна Османи на средбата.
Тој упати благодарност до амбасадорот Бејли за неговиот личен ангажман, заложба и поддршка за земјава.
„Со вашите активности оставивте неизбришлива трага, не само во нашиот успех да ја оствариме нашата стратешка определба – членството во НАТО, туку и неизбришлива трага во имплементирањето на западните вредности на Балканот, на чии основи е изграден и денешниот успех во напредокот на целиот регион“, истакна Османи.