Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело oбљуба врз немоќно лице од член 187 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинителот до Основниот суд Струмица достави и предлог за продолжување на определената мерката притвор, ценејќи дека се исполнети законските основи.
„Обвинетиот на возраст од 32 години го искористил познанството со жртвата, па на 11 декември отишол во нејзиниот дом во струмичко, го извршил делото напаѓајќи ја оштетената која била со пречки во развојот и извршил обљуба. Тој како вработен во претпријатие за собирање отпад претходно се сретнал со оштетената, при што ја осознал нејзината состојба како и домот во кој живее. Во момент кога жртвата била сама, осомничениот го извршил делото“, информираат од Обвинителството.
По пријава од родител на жртвата, осомничениот бил уапсен, а ОЈО Струмица го расчистува настанот.