Судењето на поранешните каталонски функционери, обвинети за бунт против Шпанија, кој може да трае три месеци и да предизвика тензии, започнува денеска во Мадрид.
Судењето против 12 Каталонците кој во октомври 2017 година организираа референдум за независност на покраината со вкупно 7,5 милиони луѓе, а потоа изгласаа формирање на независна република Каталонија, е најважниот судскиот процес во Шпанија во последните четири децении.
Последен пат се судело за востание против државата во 1982 година по неуспешен обид за државен удар. Полковникот Антонио тејеро пукаше во парламентот во Мадрид, каде влезе придружуван од околу 200 припадници на цивилната гарда, додека тенковите биле подготвени да излезат на улиците. Тој обид за воен удар пропадна, а Тејеро беше осуден на максимална 30-годишна затворска казна.
Денес, 36 години подоцна, шпанската државна правобранителка бара 25 години затвор за Ориола Јункерас, поранешен потпретседател на Каталонија. Меѓу другите обвинети се осум министри на владата на Каталонија, поранешен претседател на каталонскиот парламент и двајца лидери на невладини организации. Нив им се заканува малку пониска затворска казна за бунт, непослушност и употреба на јавни пари за организирање на референдум забранет од страна на шпанскиот Уставен суд.
Повеќето од нив околу една година се во притвор и ќе бидат испитани од седум судии во главната судница во Мадрид. За време на судењето што може да трае до крајот на мај, а пресудата ќе биде изречена летото, околу 600 сведоци ќе бидат испрашувани.
Во понеделникот попладне беа зајакнати безбедносните мерки, контејнерите за отпадоци беа отстранети околу судската зграда и беа забранети собири и протести во областа