Златните резерви во централната Банка на Италија се во сопственост на народот, а не на некој друг, изјави денеска италијанскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Матео Салвини.
Според Салвини, владата во Рим треба да ја преземе контролата врз резервите на злато од централната Банка на Италија, пишува „Фајненшл тајмс“.
Неговиот коментар доаѓа кога тој повика на заминување на раководството на централната банка, кое, како што тврди, не успеало да ја спречи банкарската криза во земјата.
Претходно, италијанскиот весник „Стампа“ објави дека владата размислува за продажба на златните резерви за да го избегне планирано зголемување на данокот на додадена вредност в година. Салвини позитивно го оцени таквиот план велејќи дека тоа би можело да биде интересна идеја.
Претходно, Салвини, кој е лидер на партијата Лига, и неговиот коалициски партнер, Луиџи ди Мајо, повикаа на промена во сегашната администрација во централната банка, која ги контролира златните и девизните резерви.
Владата го обвини актуелното раководство на банката дека не успеало да одржи соодветен надзор над банкарскиот систем на земјата.