СДСМ не оди на предвремени избори

Извршниот одбор на СДСМ вечерва на седницата, која се одржува по неколку одложувања, одлучи да не прифати предвремени парламентарни избори, дознава 24 Инфо од извори во партијата.

Според изворот, ИО е на став дека предвремени избори во моментов не се потребни, бидејќи е неопходно да се спроведат реформите на патот кон ЕУ, а особено по потпишувањето на Протоколот за прием во НАТО.

Иако во партијата има поделени мислења околу прифаќањето на предлогот на опозоцицијата за предвремени избори, во прилог на одлуката одат и препораките од странскиот фактор дека Владата треба да го протурка целиот мандат.

На седницата се разговара и за најсоодветниот кандидат за претседател, кој ќе биде избран на конгресот на 3 март, иако официјално не е целосно отфрлена опцијата Заев и Ахмети сепак да се договорат за консензуален кандидат.

 

Треба да знаете
Последни објави