Словенија го ратификува протоколот за членство на Македонија во НАТО

Словенечкиот парламент на вонредна седница го ратификува протоколот за членство на Република Македонија во НАТО, пренесуваат словенечките медиуми.

Протоколот доби зелено светло со 72 гласа „за“ и 12 „против“, од присутните пратеници во Собранието.

Пред гласањето, пред пратениците се обрати и претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери, кој порача дека меѓу двете држави нема отворени прашања.

Треба да знаете
Последни објави