Германски државјанин во Швајцарија возел со брзина од 249 километри на час, на дел од патот каде ограничувањето е 120 километри, па покрај паричната голоба и одземањато на возачката дозвола му се заканува и затворска казна, објавија германските медиуми.
Станува збор за 34-годишен Германец, кој живеел во близина на Базел, а кој во неделата на пат во близина на Боденското езеро возел со брзина од 249 километри на час, што е повеќе од двојно од дозволените 120 километри на час.
Полицијата на Германецот на самото место му ја одзела возачката дозвола и му го запленила автомобилот, а него го одвела во притвор.
Брзото возење во Швајцарија се третира како кривично дело, а не како прекршок и предвидени се затворски казни од една до четири години, објави агенцијата „Хина“.
Во Швајцарија, исто така, износот на парична казна зависи од приходите на сторителот.