Паузата, конечно, заврши, Лигата на шампионите вечерва се враќа на програмата и тоа со интересна пресметка на богатиот париски клуб Пари Сен-Жермен и разиграните Манчестер јунајтед.
Кога беше објавена ждрепката за осминафиналето во декември, на трикратните европски шампиони Јунајтед никој не им даваше шанси за пласман понатаму, посебно по ужасната домашна форма под Жозе Мурињо од една страна и „газењето“ на ПСЖ на домашните ривали.
Но, сега, два месеци подоцна, проблемите се кај гостите. Оле Гунар Солксјер успеа да има неверојатен старт како преоден менаџер на Јунајтед, победувајќи во 10 меча од своите 11 и одигрувајќи реми во 11-тиот.
„Се поставивме во позиција да си дадеме вистинска шанса по формата пред овој натпревар. Самоуверени сме и изгледаме како тим. Ако имаше совршено време за голем натпревар, тоа е сега. Мислам дека мојот тим е способен да победи било кој противник. Кога работиме напорно, работиме, кога тренираме лесно, се концентрираме. Можеме да изненадиме“, изјави Солскјер.
ПСЖ од друга страна, откако беа први во групата Ц со Ливерпул и Наполи, наместо да се фаворити во пресметката, сега се во незгодна ситуација, бидејќи тренерот Томас Тухел доаѓа на „театарот на соништата“ без повредените Нејмар и Единсон Кавани и ќе мора да се потпре само на сензационалниот Килијан Мбапе во нападот.
Во сенка на оваа пресметка, вечерва на „Олимпико“, Рома ќе се обиде да ја надмине кризата во играта присутна овој месец, за против незгодниот Порто да направи предност пред тешкото гостување во Португалија.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ОСМИНАФИНАЛЕ, ПРВ МЕЧ
Манчестер јунајтед – Пари Сен-Жермен 21.00 ч.
Рома – Порто 21.00 ч.
ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ПРЕД ДУЕЛОТ
– Ова е прв конкурентен дуел меѓу Јунајтед и ПСЖ.
– Ниту еден француски тим го нема победено Јунајтед дома во европските натпреварувања (10-4-0). Во ЛШ, само два француски клуба избегнале пораз на „Олд Трафорд“ – Монако во март 1998 (1:1) и Лил во октомври 2005 (0:0).
– ПСЖ има само една победа во 10 натпревари на гости против англиски тимови (1-4-5). Тоа беша 2:1 победата над Челси во март 2016 во осминафиналето, последен пат кога поминале нокаут фаза на ЛШ.
– Јунајтед имаат само една победа во последните девет нокаут натпревари во ЛШ (1-3-5), против Олимпијакос во март 2014 година.
– Ова е седми пат едноподруго ПСЖ да влегува во нокаут фазата на ЛШ, што е најдолга серија по тие на Реал Мадрид (22), Барселона (15) и Баерн Минхен (11). Но, тие никогаш не отишле подалеку од четврт-финалето.
– ПСЖ има постигнато најмногу голови во групната фаза оваа сезона (17 во шест меча).