Претседателските избори во Украина закажани за наредниот месец ќе бидат одржани под засилени мерки за безбедност, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според прелиминарните проценки, од 60.000 до 62.000 припадници на службата за безбедност ќе бидат распоредени низ целата држава со цел да се обезбеди непречен изборен процес.
– Припадниците на полицијата, националната гарда и службата за гранична гарда ќе патролираат во близина на гласачките места, се наведува во соопштението.
Посебно внимание, како што се додава, ќе биде посветено на безбедноста во регионите погодени од конфликтот во источна Украина.
Претседателските избори во Украина ќе се одржат на 31 март, со рекорден број од 44 кандидати.