Во рамките на неделата посветена на подигнувањето на јавната свест за штетноста од несовесното постапување со отпадот и опасноста од создавањето диви депонии, ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје на 13.02.2019 (среда) во 11 часот ќе започне акција за чистење на дивата депонија на улицата Перо Наков (спроти Тинекс и Бриколаж).
И оваа локација претставува црна точка каде што континуирано се случува несовесно одлагање на отпадот и создавање на диви депонии.
Ве покануваме да го проследите почетокот на оваа акција и преку вашето присуство да ни помогнете да упатиме апел до граѓаните совесно да постапуваат со својот отпад и на тој начин да ја заштитат својата животна околина.
Започнавме во Топаана, продолживме во дворот на студентскиот дом „Пелагонија“, а до крајот на неделата ќе посочиме уште неколку локации каде што и покрај секојдневните интервенции на екипите на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје постојано се создаваат диви депонии, како резултат на неправилното одлагање на отпадот од страна на граѓаните.