Напаѓачот на Рома, Един Џеко наводно побарал да го напушти клубот и да се врати во англиската Премиер лига.
Босанскиот напаѓач минатата зима беше на чекор од трансфер во Челси, меѓутоа во последен момент трансферот пропадна и остана во Рома.
Сепак, како што пренесуваат италијанските медиуми, Един Џеко би можел да го напушти „Олимпико“ идното лето. Џеко не би се преселил во Челси, но сега во игра е друг лондонски клуб – станува збор за Вест Хем.
Договорот на Џеко со Рома истекува во 2020-та година, па Римјаните ќе се согласат да го продадат напаѓачот кој што веќе наводно побарал да се пресели во Премиер лигата. Најверојатно Вест Хем ќе го откупи неговиот договор за околу 15 милиони евра.