Римскиот клуб синоќа славеше со 2:1 против Порто на првиот натпревар од осмина-финалето во Лигата на шампионите.
Синоќешниот натпревар нема по добро да го памети Александар Коларов кој што се најде на удар на навивачите на Рома.
Имено, познато е дека српскиот фудбалер е во конфликт со навивачите на клубот од „Олимпико“, а навивачите на римскиот клуб на трибините синоќа истакнаа транспарент на кој што пишуваше „Копиле Коларов“.
Поради ова, големи се шансите Коларов веќе идното лето да ја напушти екипата на Рома.