Налепници со новото име на таблата на Богородица, новата табла уште не поставена

Во очекување на официјалното поставување на таблата со името Република Северна Македонија на граничниот премин Богородица, на големиот билборд на кој беше испишано Република Македонија, утрово се ставени налепници со новото име.

Таблите на граничните премини на кои е напишано името на државата се планира да бидат променети во текот на денот, најави директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски.

-Плaнираме сите да бидат променти денеска, со оглед на можностите на фирмите за одржување што треба да го направат тоа, а со кои Царинската управа има склучено договор. Јавниот настан ќе биде на граничниот премин Богородица, додека на другите гранични премини промените ќе бидат направени во текот на денот, изјави Танасоски одговорајќи на новинарски прашања пред презентацијата на курсеви за електронско учење.

Тој појасни дека поради тоа што времето е кратко за спроведување тендерски постапки, а согласно заклучоците на Владата предвидено е таблите да бидат променети каде што е можно со налепници, а каде е можно со монтирање други табли, за да се исолни обврската во рок од три дена да бидат променети таблите на граничните премини со новото име Република Северна Македонија.

 

 

Треба да знаете
Последни објави