(Фото Карпалак) Сам го извадив син ми од автобусот и го донесов на клиника, беше ужасно

Сам го извадив син ми од автобусот. Ми се јави на мобилен, само рече„не знам што се случи, имавме несреќа“. Веднаш тргнав од Гостивар кон Карпалак и го извадив син ми од автобусоу, ужасно беше. Вака на кусо ја раскажа трагеијата гостиварец, кој својот повреден син го однел во Ургентниот центар во Клиниката „Мајка Тереза“. Неговиот син се ште не беше опериран, требало да му се врши хируршка интервенција во текот на ноќта.

За разлика од него, многу гостиварци кои дојода на местото на несреќата не ги најдоа своите најблиски. Додека повредените со возила на брза помош се упатуваа кон Скопје, многу гостиварци застануваа со своите возила над местото на трагедијата и делот од автопатот кон Скопје.

„Саше, кај си Саше“, низ плач го бараше својот син една жена, која потоа се спушти по стрмниот дел кон стариот пат за Гручин каде беа паркирани возилата на итната помош.  Скршената банкина долга неколку метри падната до банкината над бездната сведочи за тоа како се случила несреќата. Автобусот од спротивната лента возејќи кон Гостивар ја пробил ограда, поминал на лентата што води кон Скопје и откако ја скршил и таа банкина паднал во бездната.

Пред Угрентниот центар, пак очајните роднини и пријатели на патниците од автобусот доаѓаа и се распрашуваа дали се тука згрижени нивните најблиски. Некои ги поминале другите болници и дошле тука, други, пак, во неверица и загрижени си заминуваа откако сфатиле дека повредените не се тука.

 

Игор Шегавиќ

Фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави