Боксерски спектакл: Ентони Џошуа и Џарел Милер закажаа дуел на 1 јуни

Најдобриот активен боксер во светот и актуелен заштитник на тронот во тешка категорија, Ентони Џошуа, на 1 јуни оваа година во Њујорк ќе влезе во ринг за да се пресмета со Џарел Мартин.

 

Тоа ќе биде прва борба за Џошуа надвор од Велика Британија, а против Милер тој ќе ги брани појасите во тешка категорија од организациите WBO, WBA и IBF.

Борбата помеѓу двајцата титани ќе се одржи во култната арена Медисон Сквер Гарден, каде обично домашните натпревари ги игра тимот од НБА лигата, Њујорк Никс. Во оваа борба Џошуа ќе се обиде да остане непоразен, откако победи во секој од претходните 22 дуели.

Неговиот противник, Џарел Милер, исто така е непоразен во досегашниот тек од кариерата. Во 24 борби, тој оствари 23 победи и еден нерешен меч.

„Се радувам за следната борба. Милер е одличен боксер, но нема ништо да препуштам на случајот. Ќе го размонтирам со стил“, изјави Џошуа.

Познатиот промотер Еди Херн, кој ја договори оваа борба, најави дека по овој дуел најверојатно ќе дојде до сретнување на Џошуа и Деонте Вајлдер или Тајсон Фјури во рингот, во зависност кој од нив двајца ќе победи во борбата за појасот од IBO, кој во моментов е во сопственост на Вајлдер.

Треба да знаете
Последни објави