Глетката беше морничава. Мирисот на свежата крв ми заплискуваше во носот, но немав време да размислувам за моите чувства. Во тој момент го молев Господ да ми даде сила за да можам да спасам колку што е можно повеќе луѓе, кои лазејќи на колена ги извлекував од згмечениот автобус. Вака раскажува скопски пожарникар за Вечер, кој прв влегол во превртениот автобус и ги извлекувал настраданите.
Според него, автобусот бил речиси смачкан и било невозможно да се влезе во него. Патниците биле заглавени и во многу тешка ситуација. Дел од нив биле приклештени меѓу каросеријата од автобусот, дел потиснати и меѓу столчињата.
-На некои им се гледаше утробата, некои беа со отворени рани, со скршени глави, раце и нозе. Но на средината од автобусот беше најкритично. За да може полесно да се вртам извадив две од седиштата. Таму имаше заглавено една жена. Главата и висеше, целата беше облеана во крв. Наспроти неа лежеше мртов патник. Успеав некако да ја одглавам од под седиштето и да ја изнесам од автобусот, раскажува пожарникарот.