Германскиот Централен совет на Евреите повика на акција откако беше објавен изештајот во кој се наведува дека има пораст на антисемитистичките напади во земјата.
Претседателот на Центарот, Јозеф Шустер апелира на „поголема посветеност” на полицијата, на политичарите и на провосудните органи”.
– Најновите бројки се уште не се официјални, но го одржуваат трендот и тоа е алармантно. Тоа што Евреите веќе го чувствуваат субјективно го потврди статистиката, наведе Шустер.
Според прелиминарните податоци на германската Влада во 2018 година регистрирани се 1.646 антисемитистички кривични дела, додека во 2017 година биле забележани 1.504 такви напади.
Портпаролката на германската канцеларка Улрике Демер изјави дека ставот на Владата „е целосно јасен – во Германија нема место за антисемитизам”.