На местото на автобуската несреќа во која синоќа загинаа 14 луѓе се уште има остатоци од автобусот. Со специјални возила се прават напори да се извлече автобусот од провалијата. Местото е обезбедено од полиција, а сеуште на терен се гледаат остатоци од личните предмети на загинатите и повредените. На автопатот се гледаат траги од кочење.