Џевахир Холдинг со голема тага ја прими веста за трагичната сообраќајна несреќа што нè погоди сите нас. Во овој трагичен и тажен момент го изразуваме нашето сочувство со семејствата и блиските на настраданите патници, како и со сите граѓани на Република Македонија. Ништо не може да го замени изгубениот живот и ништо не може да ја намали болката, затоа тагата е голема и заедничка. Нека почиваат во мир.
Нашите мисли и желби за брзо оздравување ги упатуваме и до повредените патници и им посакуваме лесно пребродување на овие тешки моменти.