Најдобриот француски состав, Пари Сен Жермен оствари голема победа на гостувањето кај Манчестер Јунајтед и на тој начин со една нога е веќе во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Клубот од Париз славеше со 2-0 со головите на Кимпембе и Мбапе во вторите 45 минута со што дефинитивно си го направи реваншот многу полесен со оглед на тоа што чести тимовите со наведната глава во напушаат „Паркот на принцовите“.
Според Дани Алвес ова е уште еден доказ дека се на добар пат да триумфираа во ова натпреварување, односно да ја „изгубат невиноста“ во ЛШ.
-Нашата цел е да триумфираме во секое натпреварување. Ние работиме секој ден за тоа. За да ги постигнеме нашите цели, дали е Купот, ЛШ или Лига 1. Ама ако можете да ја освоите ЛШ, тоа ќе биде добредојдено. Мислам дека треба да ја изгубиме невиноста во ова натпреварува сезонава еднаш засекогаш. Ние работиме напорно за тоа, -рече Алвес кој не стравува од кам-бек на Јунајтед.
-Јас не се плашам од кам-бек, бидејќи ако се плашите, не можете да постигнете никаква цел. Мислам дека минатото е минато, а вие создавате историја, не им кажувајте. Значи, имаме можност да стигнеме до следниот круг, но мораме да го повториме она што го направивме денес, бидејќи овој тим има историја во ова натпреварување која ние ја немаме. Значи треба да имаме добри перформанси за да дојдеме до целта, -додаде Бразилецот.