Најмалку 40 војници загинаа во напад со автомобил бомба на воен конвој во индискиот дел на Кашмир.
Полицијата соопшти дека нападот се случил кај местото Летпор во предградието Сринагара, главен град на регионот околу кој се спорат Индија и Пакистан.
Огранокот на Исламска држава во Пакистан соопшти дека е одговорна за нападот.
Во експлозијата уништен е автобус, а најмалку пет автомобили се оштетени.
И Индија и Пакистан претендираат на целата територија на поделениот Кашмир. Бунтовниците се борат против индиската контрола од 1989 година.
Мнозинството од населението на Кашмир го поддржува барањето на бунтовниците – територијата да се обедини или да биде под владеење на Пакистан или да биде независна земја.