Возачот што вчера управувал со автобусот пуштен на домашно лекување

Возачот што вчера управувал со автобусот пуштен на домашно лекување

Во болницата 8 ми Септември денеска директорот истакна дека возачот на автобусот кој беше хоспитализиран, е пуштен на домашно лекување.

Во стабилна состојба е пуштен на домашно лекување, понатаму преземаат службите на МВР.

Од МВР вчера потврдија дека истражните органи извршиле разговор со него, но се уште не се познати причините за несреќата. Од јавното обвинителство велат дека увидот е во тек и дека со соопштение ќе излезат во текот на денот.

Инаку, 37 патници од автобусот биле примени со повреди во „8 Септември“, 8 биле примени на Скопските клиники, двајца во тетовската болница, а една патничка била хоспитализирана во стара градска болница.

Треба да знаете
Последни објави