Канцелариите на фирмата „Дурмо Турс“ во Гостивар денеска не работат но автобусите возат по редовен распоред. Од компанијата велат дека нивните автобуси се исправни и изразуваат сочувство до семејствата на загинатите. Сега се чека надлежните да утврдат како се случила несреќата, дали причината била неисправноста на возилото или пак човечки фактор.
„Дурмо турс“ е компанија која поседува 40 возила, а има 36 пријавени возачи кои ги имаат потребните сертификати.