Завршени три од четири операции, двајца пациенти се во критична состојба

Директорот на Ургентен центар, Илир Хасани за 24 Вести изјави дека тројца од повредените патници кај Карпалак се оперирани, а двајца од пациентите се во тешка состојба.

Кај едниот операцијата е завршена, а кај другиот се уште трае. Двајца пациенти се пуштени на домашно лекување на нивно барање, а во моментот шест пациенти се сместени во Ургентниот центар.

Премиерот Заев доцна синоќа истакна и дека во моментов не се идентификувани сите жртви и дека процесот се уште трае.

Според министерот за здравство, Венко Филипче, четири пациенти се на интензивно лекување во ГОБ „8 Септември“.

Треба да знаете
Последни објави