Лимонот, сосема оправдано, може да ја понесе титулата супер намирница. Ова киселкасто овошје вообичаено се консумира со чај во текот на зимските месеци како извор на витамин Ц и во текот на летото за освежувачка лимонада. Еве како можете да го искористите лимонот:
1. Го чисти организмот
Чаша топла вода помешана со сок од лимон, наутро на празен желудник, делува како голем чистач на вашето тело. Лимонот е диуретик кој ги исфрла токсините од телото и го зајакнува имунолошкиот систем.
2. Против стареење
Водата во комбинација со сок од лимон го намалува производството на слободни радикали кои што се одговорни за стареење и оштетување на кожата. Пијте вода со лимон, бидејќи содржи антиоксиданси кои ќе ви помогнат за да го задржите младешкиот изглед.
3. Ги одржува јаболката свежи
Излупете ги и исецкајте на кришки јаболката и посипете ги со лимонов сок. Сокот од лимон ќе ги одржи јаболките свежи и ќе спречи да станат кафени.
4. Освежувач
Лимонот е совршена природна состојка со која што може да го освежите домот. Промешајте сок од лимон, рузмарин и ванила и ќе добиете совршен освежувач за вашиот дом.
5. Го подобрува процесот на варење
Сокот од лимон има слична структура како и желудечната киселина. Освен тоа, сокот од лимон помага во поттикнувањето на ослободување на желудечните сокови. Сето ова влијае на варењето и помага против надуеност.