Преговарачкиот тим на Косово усвои платформа за дијалог со Србија, како единствен официјален став на Приштина за дијалогот, а најавено е дека текстот на тој документ утре ќе биде предаден на косовското Собрание, кое на првата наредна седница ќе треба да го усвои.
Копретседателот на преговарачкиот тим, Шпенд Ахмети, рекол дека тоа е официјален став на Косово и дека во целост е заснован на Уставот на Косово.
„Уставот е јасен. Територијалниот интегритет и суверенитет на Косово е гарантиран со Уставот. Тоа на сите им е јасно, а за нас тоа е законска обврска“, рекол Ахмети.
По состанокот на шефовите на преговарачкиот тим на Косово со претседателот, премиерот и претседателот на Собранието, платформата доби безрезервна поддршка.
Премиерот Рамуш Харадинај изјавил дека ниту тој ниту претседателот Хашим Тачи не се портпароли на Америка, како и дека на Америка тоа не ѝ треба на Косово.
„Америка зборува сама, ни претседателот ни јас не сме им портпароли на САД, тие сами зборуваат“, рекол Харадинај.
Тој оценил дека платформата е одржлив документ на принципите и ставовите кои Косово ги има во дијалогот. Харадинај порачал дека не го сменил ставот за царините и дека тие ќе останат на сила додека Србија не го признае Косово.