Министерот за здравство Венко Филипче утрово ги посети повредените во вчерашната страшна сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Скопје-Тетово и во која починаа 14 лица.
Четири од повредените пациенти во болницата „8 Септември“ и три повредени пациенти во Ургентниот Центар во Скопје сé уште се во критична и тешка состојба, но се во стабилна здравствена состојба.
,,Ангажирани се сите ресурси и правиме сé за да ги спасиме животите на тешко повредените. Со повеќе информации ќе излеземе во текот на денешниот ден”, соопшти Министерството за здравство.