Турските власти приведоа четири лица во врска со уривањето на станбена зграда во Истанбул, при што загинаа 21 лице.
Осомничените се проект-менаџерот Сузан Чаир, шефот на надзор на изградбата на зградата Угур Мисирлиоглу, градежниот инспектор Арзу Келеш Боран и инженерот Осман Мисирлиоглу. Тие се обвинети за „убиство од небрежност”.
Во населбата Картал, во азискиот дел на Истанбул, пред две седмици се урна осумкатница, додека во неа имало 30 станари, од вкупно 43. Причината за уривањето сè уште не е позната.
Локалните власти соопштија дека три ката биле незаконски доградени, што е честа пракса во овој 15-милионски град.