Единствениот начин на кој Британија може да го одложи повлекувањето од ЕУ би бил со дополнение на членот 50, велат извори на ЕУ.
Британија се спрема да ја напушти Унијата за 44 дена, но се чини оти Брисел и Лондон мачат да постигнат договор околу „разводот“, главно поради прашањето за границата со Северна Ирска.
Изворите велат дека на ЕУ ѝ е потребен договор што го опфаќа мнозинството, но додаваат и дека Британија мора да побара дополнување на членот 50.
Според изворите, главниот преговарач на Британија, Оли Робинс, споменал дека постои голема веројатност дека ЕУ ќе го дозволи дополнувањето за процесот Брегзит.
Во средата премиерката на Британија, Тереза Меј, изјави дека можноста за одложување е мала и им посочи на пратениците дека тие не смеат да се потпираат на „чаршиски муабети“.
Меј додава дека владата го дели истото мислење со неа.
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, во средата посочи дека Унијата сè уште чека на Британија да понуди цврсти предлози за излезот од ЕУ.
Тереза Меј, пак, вели дека таа предложила три нови алтернативи на Брисел, но дека сите биле отфрлени, за што ЕУ вели дека тие не биле нови идеи.
„Не знаеме дали постојат алтернативни решенија, не постојат“, вели еден од изворите.
„Опасно е, веќе предизвикува проблеми. Уште отсега предизвика поделеност во Северна Ирска“, додава изворот.