Португалскиот фудбалер Андре Силва не е сигурен дали по завршувањето на сезоната ќе се врати во Милан или ќе остане во редовите на Севиља.
Силва во Андалузија е позајмен од Милан, за Севиља тој сезонава има постигнато 11 гола.
„Доколку треба да изберам дали да бидам стартер во Севиља или да се вратам во Милан и да не играм, тогаш мојот одговор е јасен. Играм за Севиља, а сум фудбалер на Милан. Доколку Севиља решат да ми понудат договор, тоа ќе биде поради тоа што ми веруваат. Се уште е рано да се говори на оваа тема“, изјавил Силва.
Андре Силва има 23 години, а во кариерата има настапувано и за Порто.