Заврши сагата околу трансферот на Марек Хамшик од Наполи во Далиан Јифанг. Клубовите конечно се договориле околу обесштетувањето кое ќе изнесува 20 милиони евра.
Трансферот на Хамшик го потврдил и адвокатот на Наполи Матија Грасани. Словакот за три години во Далија ќе заработи 27 милиони евра.
Хамшик пред 12 години од Бреша пристигнал во Неапол. Во клубот остави длабока трага, тој е најдобриот стрелец во историјата на наполи со 118 гола. Оваа титула пред Хамшик ја имаше Диего Марадона.
Во Далијан Хамшик ќе игра заедно со поранешните фудбалери на Атлетико Мадрид, Јаник-Фереира Караско и Николас Гаитан.