Времето претпладне ќе биде сончево со мала облачност, околу пладне и попладне облачноста ќе се зголемува па ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено изразен вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.
Во Скопје претпладне сончево со мала облачност, попладне со повремено зголемување на облачноста. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне околу 7 степени.
И утре ќе дува умерен до засилен северен ветер, а ќе има и локални врнежи од снег, главно со слаб интензитет. Од сабота следува период на претежно сончево време со пораст на дневната температура.