Рускиот претседател, Владимир Путин, на својот турски и ирански колега, во Сочи, им рече дека би требало да разгледаат заеднички план за протерување на терористите од сирискиот регион Идлиб. Според него, терористите не смеат да пројдат неказнето.
Путин говореше на трилатералниот самит во Сочи, на кој ги нагости Реџеп Таип Ердоган и Хасан Рохани, при што разговараа за Сирија.
Москва смета дека милитантите кои припаѓаат на групата Фронт ал Нусра, контролираат најголем дека на Идлиб, и сака да почнат воена акција за да ги протераат.
Не можеме да го толерираме присуството на терористички групи во Идлиб, им рекол Путин на Ердоган и на Рохани на самитот.
„Предлагам да разгледаме конкретни чекори, кои Русија, Турција и Иран можат да ги преземат за целосно уништување на упориштата на терористите“, истакнал Путин.
Рохани го поддржал Путин во предлогот, нагласувајќи дека дава поддршка на акцијата со која целосно би се исчистил Идлиб од милитантите.