По сообраќајна несреќа што се случи на патот Скопје-Тетово, кај Карпалак, во која загинаа 14 лица, а голем број се повредени, сочувство изразија албанскиот премиер Еди Рама и бугарскиот премиер Бојко Борисов.
Рама изрази длабоко сочувство до семејствата на загинатите и на повредените им посака брзо закрепнување.,,Жалам за трагедијата на автобусот во соседната земја Северна Македонија, каде што бројот на жртви и повредени шокираа и вознемирија толку многу семејства. Ние духовно сме покрај сите семејства и целата пријателска земја”,напиша Рама.
Бугарскиот премиер Бојко Борисов на Фејсбук изрази длабоко жалење за несреќата која се случи на патот Скопје – Тетово и упати сочувство до семејствата на загинатите патници и желби за побрзо оздравување на повредените.