Марек Хамшик вчера и официјално стана нов фудбалер на кинески Далиан Јифанг, а Наполи го напушти како една од најголемите легенди на клубот.
Сепак, целиот трансфер беше завршен во конфузија, па Хамшик не ни доби шанса да се збогува со со навивачите на Наполи. Поради тоа, Словакот се збогуваше со Наполитанците преку отворено писмо.
„Како прво, морам да им се извинам на навивачите – сакав, се надевав и сонував да се збогувам пред вашиот аплауз. Секогаш ме поддржувавте и сакавте без оглед на се, во убавите и лошите моменти. Секогаш ќе ви бидам благодарен за тоа“, изјави Хамшик и додаде:
„Наполи – го имам истетовирано на мојата кожа, баш како и Купот кој го освоивме после 25 години. Невозможно е да се заборави прославата, невозможно е да го заборавам соборувањето на рекордот на Брусколоти и Марадона. Многу сум горд. Тука во Неапол се родија моите три деца. Ве сакам и овој град ќе го сакам засекогаш“, изјави Хамшик.