Фрлени јајца врз споменикот на Туѓман во Загреб

Непознато лице во четвртокот ноќта со јајца ја гаѓало статуата на Фрањо Туѓман во Загреб, соопшти полицијата. Ова е трет инцидент, кој е врзан за споменикот откако пред два месеци беше потставен на раскрсницата во главниот град на Хрватска.

Активистот Зоран Ерцег во средата судот во Загреб условно го осуди на 15 дена затвор за нарушување на редот и мирот на отворањето на споменикот на 10 декември минатата година.

Тој треба да плати и парична казна и една година не смее да му пријде на споменикот на Туѓман. Полицијата го уаоси и Филип Драч под сомнение дека во јануари на споменикот со црн спреј насликал комунистички симбол на срп и чекан. Тој кратко време беше во притвор и против него е поднесена пријава.

Треба да знаете
Последни објави