Харадинај му кажал на Хан дека таксите ќе бидат укинати кога Србија ќе го признае Косово

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, се состана во Минхен со комесарот за проширување, Јоханес Хан, и повтори дека таксите на српските производи ќе бидат укинати кога Србија ќе го признае Косово.

Харадинај рече дека Косово е определено за добрососедски односи од моментот кога нема да биде доведено во прашање неговото дејствување како суверена и независна држава.

Тој на „Фејсбук“ напиша дека тоа му го кажал на Хан, во присуство на заменик-премиерот и министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли, и неговиот шеф на кабинет, Авниј Арифи.

Харадинај на Хан му рекол дека со оглед на тоа што Косово ги исполнило сите услови за визна либерализација, тоа треба да се случи и граѓаните на Косово да не останат и понатаму неправедно изолирани.

Треба да знаете
Последни објави