Поранешниот прв човек на Милан, Силвио Берлускони, од неодамна го презеде италијанскиот третолигаш Монца.
Силвио Берлускони за италијанските медиуми проговори за амбициите на неговиот нов клуб и јасно порача дека тоа ќе биде еден од ретките клубови во Италија во кој што нема да настапуваат странци.
„Ми недостасува Милан, но јас сега ја имам Монца. Сакам Монца да биде специјален тим во кој што ќе настапуваат само млади италијански фудбалери“, изјави Силвио Берлускони и додаде:
„Во мојот клуб ќе настапуваат фудбалери без обетки и тетоважи, фудбалери кои кога ќе направат прекршок, ќе му се извинат на противникот, ќе учат од судиите и ќе знаат да напишат автограм. Тоа е одговор на сите италијански клубови кои во своите први тимови имаат 11 странци чии презимиња не можеме ниту да ги изговориме“, изјави Силвио Берлускони.