Човекот кој плати 110.000 долари за да убие коза од загрозен вид

Минатата недела во пакистанските весници беше објавена фотографија која предизвика огромно внимание во јавноста.Станува збор за фотографија на убиена дива коза од редок вид, а покрај нејзиното мртво тело стои насмеаното лице на американски ловец кој платил 110.000 долари за ова „задоволство“.

 

„Потребни се неколку секунди за да сфатите дека животното, во случајов дива коза од загрозен вид (capra falconeri), е мртво“, пишува весникот.

Весниците во Пакистан наведуваат дека американскиот ловец Брајан Кинсел Харлан го убил животното во текот на туристичка експедиција на северот на Пакистан.

Целата приказна предизвика жалење и бес на социјалните мрежи во Пакистан. Но, што стои зад ова? Тројца Американци во Пакистан минатиот месец убија три вакви кози. Според пакистанските службеници и групите за заштита на животни, праксата на убивање помага да се сочуваат и спасат ретки и загрозени видови животни.

Претходно, козите биле ловени поради месо, исчезнувале поради сечење на шумите, воени активности и неконтролирани лов поради роговите. До 2011 година останале само уште 2.500 кози.

Пред неколку години службениците за заштита на животните започнале акција за зачувување на видот. Пакистан го забрани ловот, но им дозволи на мал број странски ловци да убиваат по 12 мажјаци во сезона. Поради тоа дојде до подобрување на состојбата.

Токму затоа ловецот Харлан мисли дека учествува во зачувување на загрозениот вид кози.

„Ова е совршен пример кога ловци од целиот свет ќе се здружат со локални селани за повисока цел, за зачувување на видот“, вели тој.

Треба да знаете
Последни објави