Екоакција во Општина Аеродром
Денеска Општина Аеродром се вклучи во расчистување на кругот на Агенцијата за храна и ветеринарство во рамките на екоакцијата за борба против аерозагадувањето и заштита на животната средина.
Општината учествува во акцијата со логистичка поддршка ставајќи ги на располагање своите сезонски работници, камиони, косилки ‒ тримери, гребла, мотики, лопати и друга опрема за чистење.
Свесна за огромното значење на чистата и здрава животна средина, Општина Аеродром и во иднина ќе ги поддржува ваквите акции и активно ќе учествува во нив.