Тренерот на Вардар, Роберто Парондо не беше задоволен од играта на своите ракометари против Веспрем во второто полувреме. „Црвено-црните” имаа водство од 5 гола на полувремето но накрајот го загубија мечот со 27:29.
На пресот по средбата Шпанецот упати честитки за победата на гостите, но потенцираше дека клучен бил стартот на второто полувреме.
„Во првото полувреме одигравме одлично. Но пресуди стартот на вториот дел кој не беше како што посакувавме. Веспрем се врати, и во завршницата влезе со поголема самодоверба и победи. Миклер одигра добро во второто полувреме. Дадовме се од себе, но кога беше најважно ние промашувавме, а Веспрем погодуваше, изјави Парондо по мечот.
Следниот меч за Вардар во Лигата на шампионите ќе биде против Кристијанштад на гостински терен на 23 февруари.