Гордана Силјановска Давкова го доби мнозинството од гласовите на конвенцијата која ја одржува ВМРО-ДПМНЕ денеска во Струга.
Со 408 гласови од 519 во првиот круг професорката Силјановска Давковска ја осови довербата на делегатите на Конвенцијата и ќе биде кандидат за претседателски ибори на ВМРО-ДПМНЕ за претстаојните претседателски избори.
-Ви благодарам, изненадена сум. Македонија е во женски род, можеби доаѓа време на жените. Ако некој добил поддршка од силна партија, мора да се држи до она што е најважно, а тоа е правна држава и само така може во ЕУ. Тие се на ред да ѝ пружат рака на Република Македонија оти секогаш сме биле дел од Европа. Претседателот е овластен предлагач на амандмани и затоа како претседател ќе формирам тело експертско меѓународно тело, како да направиме европска држава по европски стандарди. Ќе речат сум била во редот на средни националисти. Не, не сум националист, родена сум во турска куќа, а побратим од 10 години ми е Албанец. Власта треба да е од народот и за народот“, изјави Силјановска откако беше избрана за претседателски кандидат.