Исчистен покривот на студентскиот дом „Кузман”, наскоро ќе се поставуваат камери

Државниот студентски центар организираше акција за чистење, во чии рамки беше исчистен отпадот од покривот на студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“.

 

,,Се повикуваат студентите да не фрлаат отпад низ прозорците и да не ја загадуваат околината. Јавната хигиена во студентските дворови е резултат на заедничка грижа за животната средина”, се вели во соопштението.

Исто така, Државниот студентски центар потсетува дека во иднина ваквото однесување ќе биде санкционирано бидејќи го загрозува секојдневието на сите студенти. Во интерес на безбедноста на студентите во завршна фаза е поставувањето на камери во студентските домови. Овие уреди ќе придонесат за повисоко ниво на безбедност и хигиена во студентските домови.

Треба да знаете
Последни објави