Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека очекува победа во првиот круг на претседателските избори на кандидатот Гордана Силјановска Давкова, а потоа и потврда на победата и во вториот круг.
„Сакам да и честитам на Гордана Силјановска. Македонија денеска доби нов претседател, доби мајка на нацијата. Очекувам победа во првиот круг, а потоа и потврда на победата и во вториот круг на претседателските избори“, изјави Мицкоски.
Веднаш по завршувањето на конвенцијата Мицкоски оствари средба со Гордана Силјановска Давчева.