Работник кој добил отказ застрела петмина колеги во Чикаго

Пет лица се убиени и пет полицајци се повредени во предградието на Чикаго, кога 45-годишн маж пукал во индустриско складиште во Аурора, каде пред неколку дена добил отказ. Ранетите полицајци се згрижени во локалната болница и нивната состојба е стабилна.

Напаѓачот кој е идентификуван како Гери Мартин (45) е убиен. Полицијата  објави дека бил вработен во индустрискиот комплекс во Аурора каде добил отказ, град 80 километри оддалечен од Чикаго.

Мартин во петокот добил отказ по 15 години во компанијата. При пукањето користел пиштол Смит и Весон. Убиен е откако започнал да пука на полициските службеници. Престрелката траела околу час и половина.

Еден полицаец е повреден додека се приближувал до зградата, а другите четворица се застрелани во зградата.

Компанијата се наоѓа во близина на неколку училишта. Полицијата по нападот ги претресла зграда по зграда во областа, барајќи повредени и потенцијални други напаѓачи.

,,Претседателот Доналд Трамп е информиран и ја следи ситуацијата во Аурора”, информираше  портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.

 

Треба да знаете
Последни објави