На 15.02.2019 година во 14,00 часот Н.А.(57) од Скопје пријавил измама извршена во текот на јануари 2019 година од страна на Д.Т., при што во повеќе наврати бил оштетен за вкупна сума од 256.500 денари. Д.Т. лажно се претставил дека е вработен во државна институција и му ветувал дека ќе му олесни процедури за концесии. Во неколку наврати му земал пари за наводна уплата на такси, обрасци, заверки и сл., но во меѓувреме Н.А. дознал дека Д.Т. е измамник и го пријавил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.