Ѓорчев: Од понеделник почнуваме обединети и сложни да го победиме СДСМ
Еден од кандидатите за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев, го одржа својот говор пред делегатите на Конвенцијата на партијата. Тој истакна дека ќе го поддржи секој кандидат кој ќе ја освои довербата од делегатите, и додаде дека од понеделник почнува битката за победа против СДСМ.
„Ќе го поддржам секој кандидат што ќе ја освои вашата доверба. Од понеделник почнуваме обединети и сложни да го победиме СДСМ. Мотивиран сум затоа што џигерот ме боли кога гледам што и прави Заев на државата“, рече Ѓорчев, притоа додавајќи дека овој говор е најважниот во неговиот живот.
„Ова е најважниот говор во мојот живот. Ве молам немојте да ме извисите, а јас нема да ве разочарам“, истакна Ѓорчев.