Норвешка силно го поздравува Договорот од Преспа и решавањето на спорот со Грција како важен момент за процесите за вклучување на Република Северна Македонија во НАТО и ЕУ, рече претседателката на Владата на Кралството Норвешка Ерна Солберг на денешната средба со премиерот Зоран Заев во Минхен.
Солберг и посака добредојде на нашата земја во НАТО која веќе го зазеде своето место веднаш до Норвешка и каде што ќе го помине периодот на ратификација на Протоколот за пристапување како поканета земја членка, по што ќе го добие статусот на полноправна членка со право на глас во сите работни тела на Алијансата.
-Норвешка во Република Северна Македонија гледа како на земја сојузник и е подготвена да ја продолжи својата поддршка бидејќи смета дека нашата држава сериозно придонесува во европската агенда и е сериозно посветена на отворање на поглавјата за преговори со ЕУ, наведува владината прес-служба.
Премиерите од двете земји на средбата беа придружувани од министрите за надворешни работи, Никола Димитров и Ине Ериксен Сореиде.