Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска објави дека неговата влада ќе издвои неопходни финансиски средства за да се исполни одамна ветеното отворање на музеј во чест на еврејските ветерани од Втората светска војна.
Нетанјаху рече дека ,,неизмерно ги почитува” еврејските борци и дека заслужуваат споменик.
Овој проект беше во застој со години, поради недостиг на средства од донаторите.Владата на Нетанјаху не ги исполни своите обврски за финасирањето пред четири години.
Приказната за 1,5 милиони Евреи кои се бореле против нацистите и 250.000 загинати во борбите веќе долго време е надмината од поголемата трагедија на Холокаустот и нацистичкиот геноцид на европските Евреи. Музејот, исто така, има за цел тоа да го исправи, додека некои борци се уште се живи.